Напролет почнува да се гради пругата на Коридор 8

Bez autora
Feb 04 2013

Конечно, почнува изградбата на железничкиот Коридор 8 во Македонија. Градежните работи на делницата Куманово - Бељаковце ќе почнат напролет откако ќе заврши тендерот за избор на изведувачот. Според најавите од „Македонски железници - Инфраструктура“, на јавниот повик учествуваат неколку меѓународни компании, кои веќе ја поминале фазата на претквалификација. Моментно се очекуваат и нивните финансиски понуди, по што ќе биде донесена конечната одлука за изведувачот. За изградбата на делницата Куманово - Бељаковце со должина од 30 километри се обезбедени финансиски средства од Европската банка за обнова и развој, во висина од 46,4 милиони евра. Градежните работи, според проектот, треба да завршат до 2017 година.

Напролет почнува да се гради пругата на Коридор 8Конечно, почнува изградбата на железничкиот Коридор 8 во Македонија. Градежните работи на делницата Куманово - Бељаковце ќе почнат напролет откако ќе заврши тендерот за избор на изведувачот.

Според најавите од „Македонски железници - Инфраструктура“, на јавниот повик учествуваат неколку меѓународни компании, кои веќе ја поминале фазата на претквалификација. Моментно се очекуваат и нивните финансиски понуди, по што ќе биде донесена конечната одлука за изведувачот.

За изградбата на делницата Куманово - Бељаковце со должина од 30 километри се обезбедени финансиски средства од Европската банка за обнова и развој, во висина од 46,4 милиони евра. Градежните работи, според проектот, треба да завршат до 2017 година.

„Плановите за изградба на Коридорот 8 се одвиваат според зацртаната динамика. За годинава, освен за делницата Куманово - Бељаковце, финансиски средства имаме обезбедено и за избор на фирма и започнување со изработка на основен проект за делницата Бељаковце – Крива Паланка од ЕБРД во висина од 2,7 милиони евра и за избор на фирма која ќе го изготви проектот за изградба на делницата Кичево - Лин во рок од две години, од ИПА-фондовите во висина од 8 милиони евра“, информираат од „Инфраструктура“.

Пругата од Бељаковце до Крива Паланка, доколку се обезбедат финансиските средства во висина од 145 милиони евра, може да започне да се гради во 2015 година и да се заврши до 2020 година. Според најавите од Министерството за транспорт, изградбата на делницата од Крива Паланка до граничниот премин со Бугарија, Деве Баир, ќе биде најтешка и најскапа. Според процените, оваа делница ќе чини 332 милиона евра, средства што треба да се обезбедат од ИПА, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка.

Коридорот 8 низ Македонија треба да има должина од 317 километри и да ги поврзе Драч - Тирана - Скопје - Софија - Бургас и Варна. За негово довршување треба да се изградат над 150 километри пруга. Веќе постојната линија до Кичево треба да се поврзе со албанскиот град Лин, а на исток, Куманово со Бугарија. За пругата до Лин изградбата ќе чини над 300 милиони евра. Тешките делници со комбинации на ридести и рамничарски делови и потребата од изградба на неколку мостови и тунели ја качуваат цената на еден километар пруга на 5 милиони евра. Според процените, пак, за изградба на вториот дел од Коридорот 8, пругата Куманово - Крива Паланка - Деве Баир, во должина од 89 километри, потребни се 480 милиони евра, додека за реконструкцијата на постојната линија Кичево - Скопје – Куманово ќе треба да се потрошат околу 65 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik